Управата на криминалистичката полиција ги приведе поранешниот генерален директор на „Југоремедија“, Јовица Стефановиќ Нини, поранешниот директор за економски и правни прашања на фабриката за производство на лекови „Југоремедија, Златко Марковиќ и директорктата на „Нини доо“, Олга Антиќ.
Заедно се осомничени дека проневериле 7.5 милиони евра.
„Југоремедија“ е приватизирана во 2002. година кога на нејзино чело дошол Стефановиќ.
Стефановиќ во Македонија беше газда на Радо банка и на Македонска банка, кои отидоа во ликвидација, како и на фармацевтската компанија “Јака 80”.
Инаку Стефановиќ е познат по аферата за приватизација на „Срболек“ во 2005-тата година. Во 2010 година беше уапсен за проневера тешка 5 милиони евра, но набрзо беше пуштен.