Уапсен директор во Србија, лечел луѓе со лекови за животни

Од:

Директорот на српскиот Завод за сместување на возрасни лица „Мали пчелички“ е уапсен под сомнение дека користел забранети супстанци за лечење на штитениците на домот и дека свесно ги труел.

Полицијата добила пријава за ова кривично дело кое му се става на товар на директорот и веднаш го лишила од слобода.

Во заводот деновиве се појавила шуга и многу од штитениците се заразиле. Појавата на шуга директорот се обидел да ја сокрие и издал наредба да се лекуваат со лекот „медимецтин“, кој е отровен за луѓето.

Овој лек е наменет за стока, како што се крави, овци и свињи и според упатството на лекот се дава за проблеми со вошки, шуга и слично, но е забрането да се дава на луѓе поради тоа што е опасен и токсичен за нивното здравје.

Би можело да ве интересира

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи