Туск: Референдумот во Грција не е за тоа дали да се биде во еврозоната или не

Од:

Европската унија треба да избегнува „драматични пораки“ доколку Грците гласаат со „не“ на утрешниот референдум. Евентуално „не“ ниту ќе ја затвори вратата на еврозоната за Атина, ниту ќе значи крај на преговорите, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој сепак предупреди дека негативен исход од референдумот за спасувачкиот план на доверителите на Грција „сигурно ќе го намали просторот за преговори за опстанок на финансискиот систем на земјата“.

– Европската унија е во потрага по начини да ја задржи Грција во еврозоната, но тоа може ќе треба да значи да се навикнеме да живееме со банкротирана земја како членка на еврозоната, рече Туск додавајќи дека е могу јасно оти референдумот не е „ дали да се биде во еврозоната или не“.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина