Турските власти во карантин ставија 132 патници и екипажот на авион од Техеран

Од:

Турските власти денеска во карантин ставија 132 патника и членови на екипажот на авионот на „Туркиш Ерлајнс“ од Иран заради сомнение дека некој од нив е можно да е носител на новиот коронавирус.

Турското Министерство за здравство соопшти дека на сите лица од авионот им е одреден карантин од 14 дена, во за тоа специјално подготвена болница во Анкара.

Агенцијата Анадолија наведува дека за 17 патници од летот има сомненија за присуство на коронавирус, пред се, заради нивната зголемена температура. Авионот слетал во Анкара на пладне, а првите примероци за тестирање на патниците им биле земени уште во авионот.

Турција во неделата го најави првото привремено затворање на својата копнена граница кон Иран, каде во последните денови постојано расте бројот на заболени од Ковид-19.

Денешниот лет од Техеран бил наменет за враќање на Турците од Иран, наведе Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот турските власти презедоа драконски мерки во обид да се избегне заразата, од откажување летови до поставување термовизиски камери во Истанбул.

Министерството за здравство денеска нагласи дека досега во земјата не е потврден ниту еден случај на заразен со коронавирус.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција