Турски суд ја потврди затворската казна на новинари на „Џумхуријет“

Од:

Турски апелациски суд ја потврди затворската казна за 14 новинари од опозицискиот весник „Џумхуријет“, поради што вработените ќе бидат вратени во затвор на отслужување на остатокот од казната.

Турскиот суд минатата година осуди 14 новинари на „Џумхуријет“ на затворска казна по обвиненија за тероризам и поддршка на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен, кој живее во САД, обвинет од Анкара дека стои зад државниот удар од јули 2016 година.

– Апелацискиот суд утврди дека судењето било законско и ја потврди пресудата против нашите вработени, соопшти „Џумхуријет“.

Новинарите Кадри Гурсел и Хакан Кара, карикатуристот Муса Карт, адвокатот Булент Уку и сметководителот Емре Ипер, ќе бидат вратени во затвор за да го отслужат остатокот од казната, од кои сите се помалку од пет години, додека главниот уредник Мурат Сабунџу и новинарите Ахмет Сик, Хикмет Читинкаја, Орхан Ерик, Акин Аталај и Ајдин Енгин, ќе се жалат до повисок суд за нивните казни, кои се подолги од пет години.

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски