Турски цариници запленија рекордно количество од 717 килограми хероин на границата кон Бугарија

Од:

Турски цариници на преминот „Хамзабејли-Лесово“ на границата меѓу Турција и Бугарија, запленија 717 килограми и 694 грама хероин, што претставува досега најголемото количество на дрога запленето на турските гранични премини.

Наркотикот бил сокриен во товарен камион со приколка со хрватски регистарски таблички, што превезувал машини за перење и телевизори.

Камионот бил натоварен во Истанбул. Преку граничниот премин „Хамзабејли-Лесово“ тој требало да влезе во Бугарија и оттаму да продолжи за Босна и Херцеговина, што била неговата последна дестинација.

При проверка на рентген, во камионот бил откриен поголем товар од пријавениот, по што цариници, заедно со екипи на Службата за борба против шверц со наркотици на Дирекцијата за безбеднопст во Њдрин, го прегледале товарот.

Хероинот бил распореден во 1.400 пакети и сокриен во машините за перење.

Возачот на камионот, кој е хрватски државјанин, е притворен.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога