Турција разговара со ОН за истрага за убиството на Кашоги

Од:

Турција разговара со Обединети нации за истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

– Пристигнуваат барања за меѓународна истрага, ние ги продолжуваме разговорите со ОН. Нашите очекувања се дека ништо од тоа нема да биде неопходно и дека Саудиска Арабија ќе соработува за да се дојде до одговорите, истакна Чавушоглу.

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле минатата недела изјави дека е неопходно да се покрене меѓународна истрага со цел да се утврди кој е одговорен за убиството на Кашоги, кој беше елиминиран во Генералниот конзулат на Саудиска аАрабија во Истанбул на 2 октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски