Турција приведе 150 лица, вклучувајќи и активни војници, поради поврзаност со неуспешниот пуч

Од:

Турските власти денеска приведоа најмалку 150 осомничени приврзаници на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен, чие седиште е во САД, вклучувајќи и војници во активна служба, соопшти ДПА, повикувајќи се на државната агенција Анадолија.

Агенцијата дополнува дека полицијата и жандармеријата трагаат по уште 34 други осомничени во 53 градови низ земјата.

Меѓу осомничените има 123 активни војници на служба од копнените, воздушните, поморските и жандармерските сили. Триесет и осум други се поранешни питомци, кои беа избркани по неуспешниот пуч од страна на фракција во војската на 15 јули 2016 година.

Повеќе од четири години подоцна, Анкара продолжува да ги собира осомничените лојалисти на Ѓулен, кои се обвинети дека со децении се инфилтрирале во државниот апарат, со цел на крајот да го организираат пучот.

Турција движењето на Ѓулен го прогласи за терористичка група и затвори илјадници негови следбеници поради наводните врски со него. Десетици илјади беа избркани од јавните служби.

Ѓулен негира каква било улога во неуспешниот пуч.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он