Турција повторно ја отвори границата кон Иран и Ирак за товарниот сообраќај

Од:

Турција денеска ги отвори своите граници со Иран и Ирак за товарниот сообраќај, откако повеќе од три месеци беа затворени заради опасноста од ширење на коронавирусот, јави ДПА.

„Границите, вклучувајќи ги и главните премини кај Хабур, кон Ирак, и Гурбалак, кон Иран, се повторно отворени“, изјави министерот за трговија Рухсар Печан на Твитер, повикувајќи се на „намаленото влијанија на пандемијата во двете соседни земји“.

Остануваат неопходните здравствени и безбедносни мерки на граничните премини, додаде Печан.

Иран и Ирак остануваат двата клучни трговски партнери за Турција и покрај релативниот пад на обемот на трговијата со Иран минатата година, наведува германската агенција.

Турција ја затвори границата со Иран на 23 февруари, по драстичното зголемување на случаите со коронавирус. Помалку од една недела подоцна, турската граница со Ирак, исто така, беше затворена.

Турција на 11 март го потврди својот прв случај со коронавирус и оттогаш, земјата сооопшти за 4.609 смртни случаи од Ковид-19 и речиси 166.500 инфекции, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција