Турција потпиша спогодба за стратешка соработка со Авганистан

Од:

Авганистан и Турција потпишаа денеска спогодба за стратешко партнерство за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Кабул, што е прва посета на шеф на турската држава на оваа земја, јави ДПА.

Ердоган го посети Авганистан во 2005 година во функција на премиер.

Спогодбата, која беше потпишана денеска содржи одредби за соработка во сферите на воената обука и поддржувањето на мирот и стабилноста во регионот. Со спогодбата се уредува и трговската и економската соработка меѓу двете земји.

На заедничката прес-конференција по разговорите во Кабул Ердоган и авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја потенцираа важноста за унапредување на билатералните односи и ветија зајакнување на историските врски меѓу двете земји.

Гани положи заклетва како нов претседател на Авганистан кон крајот на минатиот месец, по изборите, кои беа одбележани со злоупотреби и кои со месеци ја ставија земјата во политичка криза.

Ердоган ги оцени позитивно мерките, кои Пакистан ги презеде за обезбедување на границата со Авганистан.

– Мошне  е важно да продолжи соработката во борбата проив тероризмот. По изборите во Пакистан раководството на таа земја спроведува нови механизми за прекин на префрлувањето на терористи преку границата со Авганистан. Тие мерки се покажаа како ефикасни, додаде Ердоган.

Тој истакна дека трилатералните преговори меѓу Турција, Авганистан и Пакистан по прашањето за борба против тероризмот и развојот на соработката продолжуваат. Самитите традиционално се одржуваат во Истанбул.

Ердоган за време на еднодневната посета на Авганистан ги посети турските војници во оваа земја.

Турција учествува во мисијата на НАТО во Авганистан со околу 390 војници и инструктори.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ