Турција подготвена да соработува со сите страни заради обнова на мирот на Блискиот Исток

Од:

Соработката на Турција со различни актери покажува дека земјата е искрена во врска со нејзините намери да го врати мирот на Блискиот Исток, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Светскиот економски форум во Давос.

Нашата соработка со Русија јасно покажува дека сме подготвени да соработуваме со секого за да го вратиме мирот на Блискиот Исток, рече Чавушоглу, осврнувајќи се на дипломатските напори на Турција за обезбедување мир во Либија и Сирија преку политички процес.

Тој истакна дека Турција била поттикната да работи со Русија, откако европските сојузници не успеале да соработуваат за „најгорливите прашања“ на Блискиот Исток.

Чавушоглу рече дека иако сите засегнати страни ветиле заложба за одржливо примирје, генералот Хафтар Калифа не го потпиша договорот за прекин на огнот во Москва.

Во врска со ситуацијата во Идлиб, Чавушоглу рече дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ги зголемува нападите, влошувајќи ја тамошната хуманитарна криза. – Во Идлиб, ние соработуваме со Русија за да обезбедиме запирање на воените дејствија, но не е лесно да се одржи, рече Чавушоглу.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ