Турција побара од Гугл информации за избришаните мејлови на убиецот на рускиот амбасадор во Анкара

Од:

Турското обвинителство испрати официјално барање до Гугл со цел да се обезбедат информации за избришаните мејлови од електронската пошта на убиецот на рускиот амбасадот во Анкара Мевлут Мерт Алтинташ, јави ТАСС, повикувајќи се на весникот „Дејли Сабах“.

Според извори на весникот, при претрес на станот каде живее Алтинташ, биле запленети компијутер и мобилен телефон.

Инспекторите потврдиле дека убиецот користел електронска пошта на Гугл, но мејловите му биле избришани два и пол часови по убиството на 19 декември.

Рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлово беше убиен на 19 декември на отворањето на изложбата на фотографии во турската престолнина.

Напаѓачот – полицискиот службеник Мевлут Мерт Алтинташ (22), беше ликвидиран од страна на силите за безбедност.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ