Турција ја забрани Википедија

Од:

Во Турција утрово беше забранет пристапот до Википедија – слободната енциклопедија која секој има можност да користи и редактира, соопшти турската НТВ.

Според информациите, забраната е наметната од турскиот Совет за информатичка технологија и комуникации од денеска, во 8 часот наутро. Причина не се наведува, јавува БТА.

Одговорен претставник во телефонска изјава за НТВ истакнал дека ограничувањето на пристапот до Википедија е од безбедносни причини, а во врска со борбата против тероризмот. Тој посочи дека пред тоа, од турска страна, биле преземени иницијативи за ограничување на информации, кои според него им користат на терористички групи, но предупредувањата не биле земени предвид.

Се наведува дека забраната била наметната без претходно да е донесена судска одлука, а само со службената одлука на Советот. Забраната предизвика протести на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ