Турција ги повика муслиманските држави да се обединат во одбрана на Палестинците

Од:

Турција, на вонредниот состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, ги повика муслиманските држави да се обединат во одбрана на Палестинците против Израел и предупредија дека американската одлука да го признае Ерусалим како главен град на Израел беше само прва од многуте акции против исламскиот свет.

Говорејќи на форумот, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика муслиманските водачи да се обединат и истакна дека Ерусалим – третото свето место за исламот – е нивна заедничка кауза.

Ердоган, кој е ротирачки претседател на ОИС, рече дека САД ги интензивираа тензиите во регионот и дека нивната одлука за Ерусалим е „претходник на нови операции против исламскиот свет“.

Лидерите на Самитот усвоија Декларација во која е наведено дека треба да се распоредат меѓународни сили за заштита на Палестинците и дека муслиманските земји треба да наметнат „економски ограничувања“ на земјите кои, исто како и САД, ќе решат да ги преместат своите амбасади во Ерусалим.

Исто така, се наведува дека прашањето за насилството во Појасот Газа мора да се разгледа и од Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски