Турција да ја замени Грција во еврозоната

Од:

Американскиот весник „Волстрит журнал“ предлага доколку Грција излезе од еврозоната нејзиното место да го заземе Турција.

Теоретски оваа идеја е мошне привлечна и остварлива затоа што Грција не и оди во прилог на кризата во Европа, а и Европската унија има потреба од раст, се вели во натписот.

„Грција не се движи во добра насока во однос на можноста за остварување раст, за разлика од Турција, која остварува доволен раст“, вели весникот.

Сепак за претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо излегувањето на Грција од ЕУ е најлошо сценарио.

„Сите во ЕУ сакаат Грција да остане, но земјата треба да се придржува на обврските кои ги има преземено“.

 

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите