Турција бара негативен ПЦР тест за влез во земјата, мерката на сила до март

Од:

Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските гранични премини и аеродроми за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март.

Мерката од 30 декември се воведува и за сите патувања по копно и по море. Ако патниците не покажат негативен тест, ќе мораат да одат во карантин.

Досега за патување во Турција не беше потребен негативен тест.

Патниците кои пристигнуваат во земјата од Велика Британија, Данска и Јужна Африка ќе мора да покажат негативен тест и да бидат најмалку седум дена во карантин, додека повторно не се тестираат.

Турција е една од земјите со највисока стапка на инфекција во светот, со просек од 20.000 новозаболени дневно во последните недели. Од последици на Ковид-19 во Турција досега почина 19.371 лице.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски