Турција бара дoговор за коридорот за хуманитарна помош за Газа

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави дека Турција бара израелски и египетски договор за воздушен коридор за хуманитарна помош за Газа и евакуација на илјадници ранети Палестинци.

Наспроти лошите односи со Израел, Турција се надева преку врските со палестинските власти да игра улога во посредувањето за воспоставување долготрајно затишје во Појасот Газа.

– Вчера разговарав со палестинскиот претседател Махмуд Абас и сакаме да ги прифатиме ранетите луѓе, кои се илјадници. Ним им е потребна медицинска терапија и ние веќе одвоивме места во нашите болници за нив, рече Давутоглу, истакнувајќи дека примирје може да се одржи само ако се обезбедат основни потреби како што се струја, вода и медицинска помош.

Во Турција во последните неколку недели имаше повеќе протести против офанзивата на Израел во Појаот Газа.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе