Турција бара брзо решавање на кипарското прашање од енергетски причини

Од:

За Турција и Европската унија, проблемот со етнички поделениот остров Кипар е прашање кои треба брзо да биде решено заради прашања поврзани со енергетската политика, изјави турскиот вицепремиер Булент Аринч, јави грчката новинска агенција АНА – МПА.

Кипарскиот турски печат ја пренесува изјавата на Аринч, дадена во Полска каде е на официјална посета, дека ЕУ не се покажала добро на испитот за кипарското прашање, но и дека се уште не е доцна. – И покрај се што се случи во минатото, Анкара продолжува да се залага за решавање на кипарскиот проблем, рече Аринч.

Тој изразил мислење дека неодамнешната посета на американскиот потпретседател Џозеф Бајден на Кипар била корисна. Што се однесува на планот на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан за повторно обединување на островот, кој беше отфрлен од кипарските Грци, турскиот вицепремиер оцени дека тоа било најнапредното решение за овој проблем, од сите досега предложени.

– Турција и кипарската турска страна, и покрај сите политички ризици, би кажале „да“ за такво решение, за разлика од кипарските Грци, кои рекоа „не“. Ако ЕУ во 2004 година направеше притисок врз грчката страна на Кипар за решавање на тој проблем, наместо да го наградува негативното однесување, денес ќе имавме еден многу поразличен Кипар во Средоземното Море, изјави Аринч.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Кипар

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција