Тројца мртви се пронајдени во куќа во близина на Бенковац

Од:

Полицијата денеска пронашла три мртви лица во куќа кај Бенковац (Хрватска).

„Утринава, во полиција е пријавено дека во куќа во месноста Бенковац има лица кои не се јавуваат на повиците, по што на лице место се испратени сите служби за итна помош. По пристигнувањето на местото на настанот, во семејната куќа биле пронајдени мртви тела, без видливи траги на насилство, а во куќата бил пронајден генератор за струја како извор на струја. Во тек е увид на местото на инцидентот, а се преземаат мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности на настанот, меѓу и обдукција, а според досега прибраните информации, нема сомнеж за постоење на елементи на кривично дело“, соопштуваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Најмалку едно лице е убиено, а 13 се повредени, во пукотница на семејна забава во Хјустон

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Двајца возрасни и 14-годишно дете пронајдени мртви во селото Црвени Брегови

Катерина Ѓуровски