Три нови земјотреси во околината на Петриња

Од:

Еден посилен и два послаби земјотреси забележени се ноќеска во околината на Петриња. Сеизмолошката служба на Хрватска јави дека најсилниот потрес бил со јачина од 3,4 степени.

„Ноќеска, 25.јануари, во 1 часот и 17 минути сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен потрес со епицентар на шест километри југозападно од Петриња. Магнитудата на потресот беше 3.4 степени по Рихтер“ – стои во соопштението.

ЕМСЦ јави и за уште два послаби потреси во текот на ноќта. Едниот со магнитута од 1.9, а вториот со јачина од 2.8 степени по Рихтер.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес во Хрватска, Петриња повторно на удар

Повторно земјотрес во Петриња, бил силен како експлозија сведочат жителите

Нов посилен земјотрес кај Петриња

Катерина Ѓуровски

По разорниот, хрватскиот регион Банија погоден од над 900 помали земјотреси

Нови земјотреси во Хрватска

Катерина Ѓуровски