Три четвртини од Грците сигурно или веројатно би се вакцинирале

Од:

74 отсто од грчките граѓани сигурно (47 проценти) или веројатно (27 отсто) ќе се вакцинираат против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Опинион пол“ (Opinion Poll) за грчкиот електронски весник „Политикал“ (Political).

На прашањето „колку се оптимисти за конечно справување со пандемијата по почетокот на вакцинацијата“, 37 отсто рекле дека се „доста“ оптимисти, 28 проценти „малку“ оптимисти“, 19 отсто одговориле дека се „многу“ оптимисти, а 14 проценти „воопшто“.

Поделено е мислењето на граѓаните за тоа дали земјата оди во погрешна или во правилна насока, 45 отсто одговориле дека е во правилна, а 44 проценти во погрешна насока.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 51,1 отсто рекле дека со сето она што се случува во Грција чувствуваат загриженост и стрес.

Во однос на распоредот на политичките сили во земјата, доколку следната недела би се одржале избори, 38,6 отсто од анкетираните би гласале за Нова демократија, 21,4 проценти за СИРИЗА, 6,5 проценти за Движење на промена.

За премиерската позиција, 51,2 проценти од испитаниците рекле дека Кирјакос Мицотакис е соодветен за премиер, наспроти 19,8 проценти кои го одбрале Алексис Ципрас, а 24,1 процент одговориле: ниту еден од двајцата.

Во истражувањето на „Опинион пул“ за весникот „Политикал“ спроведено од 4 до 8 јануари, телефонски биле анкетирани 1.004 лица со право на глас.

Би можело да ве интересира

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски