Во Хрватска пронајдено телото на момчето од Црна Гора кое брановите го одвлекоа во морето

Од:

Телото на 13-годишно момче, кое пред осум дена брановите го одвлекоа во морето, е пронајдено под тврдината Оштра на истоимениот рт, на хрватското приморје, потврдија за Радио Црна Гора од херцеговската полиција.

Веста за Јавниот сервис ја потврди Митар Тадиќ, шефот на криминалистичката истрага на Центарот за безбедност Херцег Нови, пренесува РТЦГ.

Тринаесетгодишното момче Н.В. од Херцег Нови исчезнал на 17 јануари. Момчето било на шеталиштето Пет Даница кога бран го повлекол во морето поради силниот јужен ветер.

Тогаш на крајбрежјето важеше црвен метеоаларм поради бурниот јужен ветер и дожд, а надлежните служби упатија предупредувања до граѓаните за опасност од невреме. Потрагата по момчето траеше осум дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски