Трагедија во Белград: Пензионер е убиен со секира, осомничениот и се предаде на полицијата

Од:

Утрово во центарот на Белград е извршено брутално убиство на 92-годишен маж, а за делото е осомничен 26-годишен маж кој, според српските медиуми, остана на местото на настанот и ја чекаше полицијата.

Инцидентот се случи околу 7 часот наутро во куќа во близина на старата зграда на БИП. Полицијата веднаш по пријавата пристигна на адресата, каде го затекна осомничениот, кој наводно го призна делото.

„Го убив со секира“, им изјавил тој на полициските службеници по апсењето, пренесуваат српските медиуми.

Жртвата, според информациите, е 92-годишен маж со оштетен вид, кој бил нападнат додека се наоѓал во својот кревет. Осомничениот е обвинет дека го усмртил со удар со секира во пределот на главата.

Односот меѓу жртвата и напаѓачот, како што наведуваат медиумите, е роднински – убиениот бил очув на таткото на осомничениот. Мотивот за злосторството засега не е познат, а истрагата е во тек.

Таткото на осомничениот за српските медиуми изјави дека неговиот син во последните денови се однесувал невообичаено, но не помислувал дека ситуацијата ќе заврши со убиство.

Би можело да ве интересира

Терористот Дарио (18) од Бела Река, кој се водеше како исчезнат, се обиде да убие жандарм во Белград

Горан Наумовски

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он