Траектот со кој патуваше Топи пристигна во Драч

Од:

Траектот со кој патуваше албанскиот претседател Бамир Топи од Италија во Албанија поради хаварија на системот на филтрите, пристигана во средата доцна навечер во Драчкото пристаниште со задоцнување од 10 часа.

Капетанот на Пристаништето во Драч Исни Аручи изјави дека бродот бил на отворено небо цели 10 часа, поради хаваријата на системот за филтрирање што се случила поради слабиот квалитет на нафтата која ја користел бродот „Адриатик 1″ а која ја набавил во Италјанското пристаниште Бари.

Аручи воедно изјави дека траектот „Адриатик 1″ имал проблеми во 20:00 часот и при пристигнувањето каде бил помогнат од два други брода за да влезе во пристаништето.

Медиумите во Албанија јавија дека претседателот Бамир Топи, кој во Италаија присуствуваше на Состанокот ,,Италија и соседите” по случувањето на хаваријата ја одбил италјанската понуда тој да биде пренесен со посебен авион од Италаија во Албанија.

Топи нагласил дека останува со патниците во Бродот. Инаку во Траектот имало 250 патници и 45 возила.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици