Топи и Спахиу ја одбија понудата за предизборна коалиција

Од:

Двете нови политички партии, кои првпат ќе излезат на избори, офрлија секаква можност за предизборна коалиција со најголемата опозициска партијата во земјата.

Еден од основачите на Новиот демократски дух, Александар Биберај, изјави дека оваа партија нема да коалицира ниту со социјалистите,  ниту со Демократската партија на Сали Бериша, ниту пак со Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета.

Спахиу од своја страна изјави дека цел на неговата Алијанса е заминување на премиерот Бериша од власта пред одбележувањето на стогодишнината од незвисноста на Албанија (на 28 ноември), па затоа не може да коалицира со партија која очекува таа цел да ја реализира на изборите следната година.

Претходно, лидерот на социјалистите ги повика  овие две партии да се приклучат кон опозицискиот фронт, барајќи од Топи и Спахиу јасно да се позиционираат во однос на изборниот блок на опозицијата предводен од Социјалистичката партија.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици