Топ чанел: Лајен со јасна порака дека го поддржува „Отворен Балкан“

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, за време на престојот во Тирана, меѓу дугото дала јасна порака дека ја поддржува иницијатвата „Отворен Балкан“, пренесе Топ чанел.

Фон дер Лејен нагласила дека Европската комисија ја поддржува секоја иницијатива на Балканот, под услов да е отворена, сеопфатна и е за доброто на земјите.

-Ако ги погледнеме економските перформанси и продлабочувањето на економските односи, како и заедничкиот регионален пазар, мислам дека Берлинскиот процес го турка процесот на интеграција напред, како рамка во која шестте земји од регионот ќе имаат корист. Секоја иницијатива што е во рамките на Берлинскиот процес и што носи соработка е поздравена од нас. Не треба детално да ги гледаме зборовите, туку контекстот што се предлага. Да биде отворен и сеопфатен процес, кој ги продлабочува односите меѓу земјите за да има длабока интеграција на економиите, рекла таа.

Додала дека Берлинскиот процес почна заради заедничка пазарна интеграција.

– Вие, исто така, ја имате мојата заложба да го продолжите Берлинскиот процес напред. Можеби има иницијативи, но сите тие треба да бидат инклузивни и да ја почитуваат заедничката цел и така ќе ја имаат мојата целосна поддршка, посочила Лајен.

Премиерот Рама го повторил неговиот став околу оваа иницијатива покрената пред точно една година.

-Не знам колку пати треба да го повторам, сепак, неуморно ќе повторувам дека ова не е втор процес што се натпреварува со првиот или уште помалку во конфликт со првиот. На албански „Отворен Балкан“ може да се нарече „Господарот го вади магарето од калта“ што значи дека Берлинскиот процес е инициран од канцеларката на Германија, прифатен од ЕУ, ЕК, но не може да се движи со темпото што го сакаме во случај да не преземеме обврска да го туркаме напред, туку само да очекуваме да го истуркаат од Берлин, Париз или Брисел.,

Според него тоа е ист процес, не се две различни нешта, само што едниот го предводат меѓународни партнери а другиот од самите земји во регионот.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски