Томислав Томашевиќ е нов градоначалник на Загреб

Од:

Новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ од зелено-левичарската коалиција „Можеме“, синоќа изјави дека гордо ќе го предводи градот кон подобра иднина, барајќи од граѓаните трпение, бидејќи промените нема да биде брзи.

-Со гордост ќе го поведам градот кон подобра иднина и ќе бидам градоначалник на сите граѓани, и на оние за кои бев избор и на оние за кои не бев избор, рече Томашевиќ во неговиот говор по победата,од изборниот штаб во Загреб.

Томашевиќ ги повика граѓаните да учествуваат заедно со „Можеме“ во донесувањето одлуки за развој на градот.

-Нашиот поглед не оди само до следните избори, туку оди многу подалеку во иднината, бидејќи ни е клучна долгорочната благосостојба на нашиот град, потенцира Томашевиќ.

Во своето прво појавување како градоначалник тој од Загрепчани побара трпеливост, бидејќи, како што истакна, им претстои голема работа, а додаде дека промените нема да бидат брзи или лесни.

Во вториот круг од локалните избори, вчера, Томашевиќ убедливо го победи кандидатот на десничарското движење „Татковина“, Мирослав Шкоро.

Државната изборна комисија објави дека Томашевиќ освои 65,25 проценти или 199. 630 гласови од граѓаните на Загреб, а Шкоро 34,75 проценти или 106.300 гласови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Притворена е мајката која со тригодишната ќерка влезе во Сава, по детето се уште се трага

Горан Наумовски

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски