Томислав Карамарко нов претседател на ХДЗ

Од:

Јадранка Косор синоќа доживеа пораз на бантрепартиските избори во ХДЗ, но не само од Томислав Карамарко кој е избран за нов претседател на партијата туку и од Милан Кујунџиќ кој имаше втор резултат и во вториот круг на изборите се натпреваруваше со Карамарко.

Карамарко е еден од основачите на ХДЗ, поранешен началник на полицијата во Загреб, но бил и пораншен заменик министер за внатрешни работи од 1996 до 1998 година. Карамарко бил и прв човек на изборниот штаб на Стипе Месиќ на претседателските избори, по што стана и советник за национална безбедност во негивиот кабинет. По две години ја напушта функцијата поради недоразбирање со Претседателот Месиќ околу минатато на Хрватска, заминува во приватниот сектор.

Во 2004 година е именуван за дирекотр на контраразузнавачката служба на Хрватска а во 2006 година станува директор на Агенцијата за разузнавање. На должноста министер за внатрешни работи доаѓа во 2008 година, а лани повторно се приклучи на ХДЗ и на изборите влезе како пратеник во хрвтаскиот парламент.

Карамарко беше избран со 971 глас за нов претседател на партијата, а Јадранка Косор ја остави далеку зад себе со 357 глас. Косор изутрината влезе во нејзиниот досегашен кабинет и замина после час и половина откако ги собра нејзините лични работи.

Би можело да ве интересира

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар