Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Од:

Во Хрватска се одржува вториот круг од локалните избори. Гласањето се одвива во 61 општина и 46 градови, но исходот најблиску се очекува во градовите Сплит, Загреб, Риека…

Во Загреб се обработени 36 проценти од гласачките ливчиња. Томислав Томашевиќ освои 47.360 гласови, додека Марија Селак Распудиќ има 32.090.

ДИК ги објави привремените резултати за градоначалникот на Сплит. По пребројувањето на 30,06% од гласовите, Томислав Шута од ХДЗ освои 6.778, а Ивица Пуљак 6.776.

Риека има нов градоначалник! Според првите резултати, Ива Ринчиќ го потврди своето водство од првиот круг и со сегашните 6.316 гласови, таа го победува актуелниот градоначалник Марко Филиповиќ (досега 3.531 гласови). Досега се обработени 37,62% од гласовите.

Хрватскиот кандидат Маријан Павличек прогласи победа во трката за лидер на Вуковар.

Би можело да ве интересира

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

ВИДЕО: Голем пожар во Хрватска, гасат канадери и 150 пожарникари

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Три децении од воената операција „Олуја“, антивоена акција на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб

Горан Наумовски

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ