Тодориќ: Не се кријам, мојата совест е чиста

Од:

Сопственикот на „Агрокор“ Ивица Тодориќ се огласи на неговиот блог, наведувајќи дека не се крие од хрватските власти.

– Не се кријам, мојата совест е чиста, но како човек, на кој длабоко му се повредени човековите права имам целосно право на спротивставување на политички прогон и неприфаќање однапред конструирана вина, пишува Тодориќ.

Тој нагласи, дека неговите адвокати се во постојан контакт со властите и надлежните институции, на кои им е позната адресата каде што тој се наоѓа.

Тодориќ беше ставен на Европската листа на најбарани лица и е повикан в петок да се појави како сведок пред парламентарната Комисија за истрага во случајот „Агрокор“, но тој не го добил повикот.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин