Точно е утврдено што правел Матеј Периш пред да исчезне и со кого комуницирал последно

Од:

27-годишниот Матеј Периш од Сплит исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември, по што му се губи секаква трага. Се појавија снимки на кои се гледа дека Матеј сам влегол во реката Сава, а потоа продолжил да плива. Наводно на се’ му претходела неговата трка по централните улици на Белград, која траела повеќе од еден час.

Чудното однесување на исчезнатото момче засега е тешко да се објасни. Она што вчера за српските медиуми го изјавил извор од истрагата е дека точно било утврдено што правел сплиќанецот во ноќниот клуб каде бил со своите пријатели.

– Му кажа на еден другар дека оди во тоалет и тоа беше последната личност со која разговараше. Друштвото со кое бил нарачувало и вино и виски во клубот, а Матеј бил видно пијан пред да го напушти клубот. Се тетеравел, истурал алкохол од шише кое било на масата, па бил предупреден од обезбедувањето, тврди извор за српските медиуми.

Организаторот на забавата, кобната ноќ во „Магацин“ (поранешен „Готик“) вчера истакна дека Матеј и неговото друштво немале резервација за влез во клубот, но дека и самите на крајот му потврдиле дека се било супер.

– Момците од Сплит не ми беа гости, тие влегоа во клубот без резервација. Се беше најнормално. Никој не ги допрел, ниту пак имало проблем. Ги прашав неговите пријатели дали биле загрозени на некој начин во клубот, тие рекоа дека не биле. Потврдија дека немале конфликт со никого, дека сите биле љубезни. Ги прашав и дали се дрогирале, ми рекоа не – вели организаторот на оваа забава, инаку познат белградски угостител.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски