Тешка сообраќајка близу Нови Сад: Камионџија заспа на волан, удри во возила и прегази полицаец

Од:

Сообраќаен полицаец (40) загина денес во сообраќајна несреќа што се случи на излезот од Нови Сад кај клучката Север. Како што дознава српски „Блиц“, тој почина за време на рутинска проверка на возилото на патот кога бил удрен од камион.

Според информациите, сообраќајните полицајци рутински проверувале возила непосредно пред несреќата.

Како што дознава „Блиц“, тие запреле автомобил и излегле од своето службено возило за да го идентификуваат возачот.

– Потоа на нив налета камион кој ја изгуби контролата. Камионот прво удри во запрено возило, кое потоа удри во полициски автомобил, па тешко беше повреден еден од сообраќајните полицајци – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Сообраќајниот полицаец починал на лице место.

– Се сомнева дека возачот на камионот ја изгубил контролата врз возилото и се удрил во автомобил. Првичните резултати од истрагата укажуваат дека возачот на камионот заспал на воланот – вели извор на „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Откажан концерт на Тони Цетински во Србија – причина се болните спомени од минатото или слабата продажба на билети?

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран