Тепачка на плажа во Грција – ги нападна туристите кои сакаа да пливаат голи

Од:

На една од најубавите плажи на Јужен Пелион во Грција, избувна инцидент што ги шокираше туристите и локалното население.

Брутална тепачка на плажата Цитикас заврши со апсење на три лица, а сè започна поради неочекуван потег на двајца мажи од Атина.

Според грчките медиуми, aтињаните одлучиле да пливаат без костими за капење. Нивниот избор го разбеснил оженет маж кој престојувал на плажата со сопругата и децата.

Вербалната расправија брзо ескалираше во туркање, удирање и општ хаос пред шокираните туристи.

Очевидци веднаш ја повикале полицијата, која пристигнала на местото на настанот и ги привела учесниците во тепачката.

Обвинетите се товарат за непристојно однесување, физички напад и нарушување на јавниот ред и мир.

Како што објавија медиумите од Грција, двајца aтињани поднеле тужба за напад, додека мажот од плажата возвратил со контра тужба. Поради ова, сите тројца ја поминале ноќта во притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод