Телото пронајдено во морето кај Грција е на Србинот Радован потврди ДНК анализата

Од:

Со споредување на генетскиот материјал на Јурачиќ и неговата мајка, беше утврдено дека телото на Радован Јурачиќ е пронајденп во близина на островот Серифос.

Телото, кое беше пронајдено пред точно еден месец во морето на 120 километри од Атина, му припаѓа на исчезнатиот маж од Кикинда, Радован Јурачиќ (44), потврдија резултатите од ДНК анализата извршена во Грција.

Со споредба на генетскиот материјал на Јурачиќ и неговата мајка, утврдено е дека трупот на српскиот државјанин е пронајден во близина на островот Серифос.

Радован исчезна на 29 мај кога околу 18 часот се качи на брод во Атина за островот Кос. Два часа подоцна се слушнал со сопругата Драгана. Таа претходно истакна дека тогаш повикот прекинал, бидејќи врската била лоша, а нејзиниот сопруг оттогаш не се јавил.

Следниот ден околу 12 часот телефонот бил исклучен и оттогаш нема сигнал, пишува Информер.

Во Грција, каде Радован отиде на работа, започна масовна потрага. Две недели откако беше пријавен за исчезнат, телото на Србинот беше пронајдено на карпите во близина на островот Серифос. Се верува дека тој паднал од траектот.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ