Таткото на Матеј низ солзи: Неподносливо е, само едно ве молам сите

Од:

Ненад Периш, таткото на Матеј Периш, чие тело денеска беше најверојатно пронајдено на Ада Хуја во Белград, признава дека му олеснало што на чекањето му дошол крајот, но дека во исто време чувствувал неподнослива болка, објавија српските медиуми.

Ненад Периш изјави дека утринава добил повик од српската полиција и дека му било кажано дека телото пронајдено во Дунав најверојатно е Матеј.

„Ме повика српската полиција и рече дека рибар го нашол телото низводно од Панчевскиот мост и дека на себе имал облека која по боја одговарала на она што го носел Матеј во моментот на исчезнувањето. Се додека не се направи ДНК анализа не може да се каже со сигурност дека се работи за Матеј, но според сето ова, голема е веројатноста дека ќе биде така. Тоа би бил крај на потрагата, ако е вистина, а мислам дека е така“, изјави Ненад за ХРТ, додавајќи:

„Ова не е крајот, мораме да одиме напред сите заедно и повторно ќе се сретнеме низ молитва“.

Тој додаде дека кога ќе заврши некои формалности ќе замине за Белград.

„Во текот на денешниот ден или најдоцна утре сигурно ќе пристигнат резултатите од ДНК анализата. Кога бев во Белград, веќе ги оставив моите примероци, па имаат се што им треба“, кажа Ненад.

„Вистината е вистина и не може да се промени. Можам само да кажам „Фала му на Бога, ова е крајот на ова чекање“. Секако дека е тешко да се прифати. Тоа е неверојатно болно, но велам, погледнете напред. Погледнете нагоре и прифатете ја Божјата волја“, додаде тој.

На крајот, Ненад Периш имал едно барање.

„Би сакал да ги замолам сите новинари да се воздржат од контактирање со мене и моето семејство. Ќе направам резиме и ќе го испратам до сите редакции. Има голем интерес и им благодарам на сите што сакаа да помогнат, но ако е ова крајот, ве молиме прифатете и намалете го притисокот. Од утрово ми ѕвони телефонот непрекинато, веќе не може да функционира“.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски