Звонимир Стојановиќ, таткото на повредениот Милош, изјави дека не знае како се случил инцидентот, додавајќи дека наместо да слави Божиќ, сега стравува за животот на синот.
– Жал ми е што дојде до ова. Тешко е, наместо да бидеме дома на овој ден, ние сме тука во болницата каде што се грижиме за нивното здравје и живот. Не знам кого би осудил, но ова не функционира вака, навистина е тешко. Милош беше застрелан во рака, но за среќа, како што може, тој е добро. Лекарите му го извадиле куршумот од раката и му ја санирале повредата и сега се чувствува добро, изјави за Курир неговиот татко Звонимир.
Како што вели, Милош бил задржан на болничко лекување.
„Само ќе му купам нешто за јадење. Иако е во шок и не може да поверува што се случи, се чувствува добро. Се надевам дека утре ќе биде добро и ќе може да си оди дома“, изјави Звонимир.
Тој додава дека не е информиран за деталите од инцидентот, дека му се јавиле само од клиниката во Штрпце, а нема информации за апсење на сторителот.
Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранувањето на едно момче и дете кај Штрпце.
Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, регионалната полиција на Урошевац прибрала информации на терен, го идентификувала и потоа го привела осомничениот А.К на 33 години“.