Татко сакал да ја продаде ќерка си за 14.000 евра

Од:

Во Црна Гора е уапсен И.Б. (34) затоа што сакал да ја продаде ќерката за 14.000 евра.

Полициски службеници од Групата за сузбивање на кривични дела криумчарење и трговија со луѓе и илегална миграција во соработка со колеги од Одделението за безбедност Подгорица го приведоа И.Б.(34) поради сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе. Ова го соопштија од Полициската управа (УП).

„Полицијата, преземајќи интензивни активности од своја надлежност, дојде до сознанија кои укажуваат на сомнение дека осомничениот имал намера да склучи незаконски брак помеѓу неговата малолетна ќерка и непознато лице од друга држава со цел да прибави материјална корист во износ од 14.000 евра. Поднесена е и кривична пријава до Вишото државно обвинителство во Подгорица“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски