„Талија“ донесе поројни дождови и полави на Балканот

Од:

Циклонот „Талија“ кој деновиве го зафати балканскиот регион донесе невреме со силен ветер и обилни врнежи од дожд кои предизвика нови поплави во делови од Босна и Херцеговина и Хрватска и прекин на електричната енергија во неколку градови во Црна Гора.

Сараевските медиуми јавија дека обилните врнежи од дожд предизвикале поплави во повеќе населени места во Босна и Херцеговина, при што состојбата е најтешка во северозападните делови на земјата.

kastelaorgpoplava

На подрачјето на Бихаќ и Цазин се поплвени неколку десетици станбени објекти и повеќе патни правци, поради што има прекин во сообраќајот.

Поплави се регистрирани и на подрачјето на општина Нови Град каде дојде до значителен пораст на нивото на водата во реката Уна. Поради поплавите локалните власти донесоа одлука за прекин на наставата во училиштата.

Силниот ветер со кои беа пропратени обилните врнежи од дожд предизвикаа прекин во дистрибуцијата на електрична енергија преку 110-киловатните далноводи „Бар-Вирпзар“ и „Бар-Будва“, поради што од утрово без струја се повеќе населени места на териториите на црногорските општини Бар и Улцињ.

stradunVoda

Црногорскиот центар за справување со кризи соопшти и дека при невремето избувнал пожар  во регионалната трафостаница во Бар.

Повеќе градови во Хрватска од вчера се зафатени од силно невреме, кое најжестоко ги погоди подрачјата на градовите Шибеник и Задар. Хрватските метереолози предупредија на ново невреме во текот на денешниот ден на подрачјето на Ријека, Истра, Кварнер и приморските места во подножјето на Велебит.

На подрачјето на Далмација, Горски Котар и Лика најавени се обилни врнежи од дожд и силен ветер кој може да достигне јачина и до 100 километри на час.

hrvatskaPoplavena

Сплит синоќа, втора вечер по ред, беше зафатен од силно невреме пропратено со обилни врнежи од дожд што предизвика поплави на повеќе улици, како и во подрумите и приземните објекти. Само за два часа противпожарната служба добила над 300 дојави на граѓани за поплавени простории.

Поради невремето градоначалничката на Водице, Бранка Јурчев-Мартинчев побара од шибенско-книнскиот жупан Горан Паук да прогласи состојба на елементарна непогода на подрачјето на оваа општина, каде се потопени околу 300 бродови, уништени се поголем број јавни сообраќајници и се поплавени повеќе објекти.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024