Тахири против балканскиот Шенген: Нео-југословенска тенденција

Од:

Поранешниот главен косовски преговарач во дијалогот со Србија, Едита Тахири изјави дека е против идејата за балкански Шенген.

За тиранската телевизија Ора њуз, Тахири рече дека ова е нео-југословенска тенденција што ќе им наштети на Балканот и на Европа.

Таа смета дека Балканот не е заинтересиран и не треба да биде заинтересиран да се обедини, да ги отвори границите меѓу себе, туку кон ЕУ.

– Ова јас го сфатив уште одамна, бидејќи не е нешто ново. Тоа е нео-југословенска тенденција и не треба да брзаме со тоа. Ниту Албанија не треба да брза онолку колку што имам слушнато дека веќе преземала чекори. Со ова прашање, ЕУ ја релаксира својата совест што го оставила Западен Балкан зад себе и не била во состојба да го придвижи кон ЕУ. Тоа ќе биде стратешка грешка од која последици ќе имаме сите и Балканот и Европа, смета Тахири.

Телевизијата потсетува дека српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата, во вторникот, со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и на Албанија, Еди Рама, разговарал за „отстранување на низа пречки за бизнисот, како и слободното движење на луѓе, стока и услуги на Балканот“.

Владите на двете земји ја поддржуваат идејата на претседателот Вучиќ за укинување на економските бариери помеѓу Србија, Македонија и Албанија и гледаат на тоа како единствена можност да се интензивира меѓусебното поврзување и да се забрза интеграцијата на регионот во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина