Тахири: 154 полициски раководители вмешани во шверц со оружје и проституција

Од:

Албанскиот министер за внатрешни работи, Саимир Тахири изјави дека против 154 поранешни полициски раководители во земјата се доставени досиеја во јавното обвинителство за злоупотреба на службената положба, односно нивна вмешаност во шверц со оружје и проституција.

Рапортирајќи на седница на парламентарната законодавна комисија, Тахири оценил дека ова ќе придонесе во заштитата на старндардите во работата на полициските раборници. На тоа жестоко реагирале членовите на комисијата од опозицијата обвинувајќи дека сето тоа се прави од политички мотиви.

Министерот најавил засилени инспекции на Внатрешната контрола на полицијата, со цел да се попречи незаконската активност на припадници на јавниот ред.Тој додаде дека со законот за реформа на полицијата ќе има многу поголеми надлежности комисијата за контрола.

Претходно стотина полициски работници, главно од секоторот сообраќај ги изгубија работните места откако, комисијата за внатршна контрола утврдила злоуотреба на работното место. Ова опозивцијата го нарече “ политичка чистка“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“