Тадиќ: Вучиќ ќе прифати менување на изборните услови само ако странците се заканат со стап

Од:

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе прифати менување на изборните услови во насока на нормализација, само доколку таквиот налог пристигне од меѓународната заедница и доколку му се заканат „со стап“.

-Потребен е посредник од меѓународната заедница, но немам информации дека некој таков доаѓа, рече Тадиќ на денешната прес-конференција, по најавата за продолжување на разговорите меѓу власта и опозицијата околу условите за избори.

Според него, за некои од меѓународната заедница поважно им е Вучиќ да го „испорача“ независно Косово, отколку демократијата во Србија.

Тој истакна дека е резервиран за разговорите меѓу властите и опозицијата и дека треба да се биде многу внимателен да не им се дава легитимитет на такви лица како што се (пратеникот на СНС) Владимир Ѓукановиќ и (министерот за внатрешни работи) Небојша Стефановиќ.

-Од властите мора да биде некој веродостоен, пристоен, кој не ја етикетираше и навредуваше опозицијата, рече Тадиќ, додавајќи дека вакви личности има во власта.

Би можело да ве интересира

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина