Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ на 18 и 19 април ќе ја посети Австрија, при што ќе се сретне со австрискиот претседател Хајнц Фишер.
Според Демократската партија, Тадиќ во Беч ќе се состане и со претседателот на Стопанската комора на Австрија, Кристоф Лајтл, како и со високи официјални лица на владеачката Социјалистичка партија на Австрија.
Во текот на посетата на Австрија, Тадиќ ќе одржи предавање во Институтот за меѓународна политика.
Елена Георгиевска