Тадиќ и Дачиќ речиси се договорија, владата е при крај

Од:

Лидерот на ДС и СПС, Борис Тадиќ и Ивица Дачиќ постигнале договор на вчерашните разговори за новата владина програма, принципи и управување на економската и националната политика во регионот.

Тадиќ истакна дека Владата ќе биде составена од оние политички фактори кои ги прифатија наведените принципи и за три до четири дена ќе се знае кој ќе биде третиор и четвртиот партнер.

„Кој е третиот или четвртиот партнер ќе дознаете наскоро и верувам ќе го постигнеме потребното парламентарно мнозинство. За неколку дена ќе ги откриеме деталите“, рече Тадиќ, три часа по лидерската средба помеѓу ДС со коалицијата СПС-ПУПС-ЈС.

Лидерот на ДС, Дачиќ најави дека во наредните денови ќе се разговараат за структурата на владините министерства, поделбата на власта и одговорноста и го потврди дека договорот е постигнат за главните прашања, програми, како и национални и социјални прашања „имајќи ги предвид ставовите на нашите партии и коалиции и новата политичка реалност создадена по вториот круг од претседателските избори“.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога