Тачи за нови избори, Харадинај го поддржа Курти за протести

Од:

Лидерите на партиите од постизборниот блок ВЛАН, не се согласуваат со лидерот на Демократската партија и премиер во заминување Хашим Тачи, да се оди на нови предвремени избори, како можност Косово да излезе од повеќемесечниот политички ќорсокак.

Лидерот на демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа и на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, по средбата на коалицијата, која ја сочинуваат и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај и движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, изјавија дека нови избори не се опција, бидејќи „решението е внатре во парламентот“.

Харадинај исто така се изјасни против заедничка средба на сите политички лидери чии партии обезбедија пратенички мандати, на што повика претседателката Атифете Јахјага, но затоа пак не ја отфрли можноста за поддршка на идејата на „Самоопределување“ да се оди на протести за уривање на Хашим Тачи од власт, доколку се „исцрпат сите можности од политичкиот дијалог“.

Изборите во Косово се одржаа на осми јуни но досега не се постигна консензус и земјата западна во институционална криза. Според извори од кабинетот на Јахјага, доколку до средината на наредната недела, до среда, не се постигне договор, со посебен декрет ќе биде распуштено Собранието и распишани нови избори кои би се одржале наредниот месец.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица