Тачи: Вистински дијалог меѓу Македонците и Албанците за решавање на ситуацијата

Од:

Потребен е вистински дијалог помеѓу Македонците и Албанците за решавање на ситуацијата, порача лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи.

Како главен приоритет на кој сите политички лидери треба да се насочат, го истакна евроинтеграцискиот процес, кој што поскоро треба да биде деблокиран.

На прашањето што смета дека се случило во Куманово и кои се напаѓачите според него, Тачи изјави дека неговите информации се лимитирани и не сака во вакви сериозни ситуации да собира политички поени.

„Ни се повторуваат истите проблеми, нови играчи играат на стариот филм“, рече Тачи. Лидерот на ДПА апелираше до албанското население во Македонија да не подлегнува на никакви провокации.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица