Тачи: Србите се безбедни во Косово

Од:

Припадниците на српската заедница во Косово се безбедни, изјави косовскиот премиер Хачим Тачи, додавајќи дека статистички гледано „побезбедно е да се шета низ Приштина, отколку низ Белград“.

– За да се нормализира состојбата мораме да се заложиме за спроведување на дотовореното… Ќе работиме заедно за да воспоставиме доверба во нашата земја и покрај тоа што не треба да се заборави дека пред 15 години Косово беше соочено со геноцид, вели Тачи во интервју за белградскиот весник „Данас“.

Тачи нагласува дека доколку остане на прмиерската функција неговата влада ќе работи на унапредување на безбедноста на припадниците на српската заедница и на враќање на Србите кои го напуштија нивните домови во Косово.

Косовскиот премиер во интервјуто им порачува на локалните власти во општините каде Србите се мнозинство дека треба „да ги решаваат проблемите, а не да учествуваат во нив“.

– Не смееме да подлегнеме на провокациите на оние кои се обидуваат да го одложат спроведувањето на Бриселскиот договор… Она што е уште поважно е да се фокусираме на воспоставување на косовското судство на северот и да овозможиме целосна интреграција на тој дел во нашиот правен систем, порачува Тачи во интервјуто за „Данас“.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица