Тачи: Србија изврши геноцид во Косово

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека српските сили извршиле геноцид во Косово и дека нивните злосторства врз цивилното население нема никогаш да бидат заборавени и нема да останат неказнети.

Тачи во Мала Круша, на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во селата Мала и Голема Круша во близина на градот Ораховец во централно Косово, изјави дека „сторителите на делата на етничко чистење и геноцид ќе одговараат пред правдата“ и најави зголемени напори за расветлување на судбината на исчезнатите од војната во Косово во 1998-99 година.

– Србија изврши геноцид во Косово, протерувајќи илјадници граѓани, убивајќи и силувајќи. Многумина од вас ги изгубија своите најмили пред 20 години и ние никогаш нема да ги заборавиме злосторствата извршени од Србија. Порано или подоцна сторителите на тие злосторства ќе одговараат за своите дела, изјави Тачи.

Во Голема Круша, пак, денеска престојуваше косовскиот премиерот Рамуш Харадинај, кој порача дека на Балканот нема да има мир се додека Србија не ги признае злосторствата кои ги изврши во регионот во војните од 90-тите години на минатиот век.

– Во 1999 година беше праведна одлуката на НАТО да ја запре косовската трагедија… Ги слушам српските политичари како ги негираат злосторствата и нашата болка. Како е можно (Александар) Вучиќ, (Ана) Брнабиќ и (Ивица) Дачиќ да ја негираат вистината? Како мислат да му донесат мир на Балканот? Како е можно тие да бараат од Косово да исполни некакви услови за да одат на дијалог?, изјави Харадинај, нагласувајќи дека е „несфатливо Србија да бара нешто во возврат за признавањето на независноста на Косово“.

Српските сили во Голема и Мала Круша, од 25 до 27 март 1999 година убија 243 мажи и момчиња, оставајќи 140 вдовици и 502 сирачиња, и запалија 893 приватни и јавни објекти. Освен тоа, 64 Албанци од таа област и натаму се водат за исчезнати, а вкупниот број исчезнати во цело Косово, Албанци и Срби, е околу 1.700.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово