Косовскиот премиер Хашим Тачи денес изрази уверување дека Белград и Приштина ќе го почитуваат договорот, бидејќи како што рече не се обврзале само едни кон други, туку и кон заедничка европска иднина.
Тачи истакна дека Приштина работи за да обезбеди петте членки на ЕУ да ја признаат независноста на Косово.
-Работиме за да не признаат сите пет членки на ЕУ кои тоа се уште не го направија. Тие држави даваат поддршка за нашите напори за нормализација со Србија, но секоја држава сама треба да одлучи кога ќе ја признае независноста-нагласи тој.
Според зборовите на Тачи малцинството на Косово се почитува и има уставно загарантирани права, а српското малцинство има поголеми права отколку Албанците во Македонија.
-Европскиот пат не е лесен и краток, но ние ќе ги исполниме сите критериуми на ЕУ-наведе тој и додаде дека бриселскиот договор има јасна порака.
Елена Георгиевска