Тачи: Нема преговори со Србија околу „Трепча“

Од:

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Хашим Тачи денеска изјави дека „Трепча“ е богатството на Косово и за неа нема да се преговара со Србија, додавајќи дека целта на измените во законот за реструктуирање на претпријатијата е стабилизирање на овој комбинат.

– Ние вчера усвоивме посебен закон во косовскиот Парламент, со кој на кратко ја извлековме „Трепча“ од стечај и добивме на време со меѓународните експерти да донесеме соодветен закон со кој комбинатот ќе се стабилизира и ќе стане профитабилен, истакна Тачи по разговорот со австрискиот колега Себастијан Курц.

Тој со шефот на австриската дипломатија разговарал и за следните чекори кои ќе ги преземе Косово на евроинтеграцискиот пат и поддршката која ќе ја добие од Австрија во постапката за поднесување барање и членство на земјата во Советот на Европа.

Тачи нагласи дека, исто така, е потребно да се охрабрат австриските инвеститори од областа на хидро-енергетиката, во која имаат многу искуство и успех.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда