Тачи: Најголеми губитници се Србите на Косово

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изрази уверување дека Белград и Приштина ќе потпишат договор, но дека најголеми губитници, доколку не се постигне договор се Србите на Косово.

-Доколку не се постигне договор, најголеми губитинци ќе бидат Србите на Косово. Не е коректно и фер од лидерите на двете страни да им ја ускратат надежта за подобар живот-изјави Тачи.

Тој додаде дека на Косово не може да постојат паралелни системи во полицијата и судството, ниту каква било сличност со статусот на Република Српска.

Тачи ги критикуваше лидерите на Белград, зборувајќи дека им е по важна територијата, отколку Србите на Косово, но верува дека дојде време да започнат да одлучуваат рационално, а не емотивно.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина